Ако сакате да поминете неколку прекрасни денови на одмор во волшебна средина, посетете го Pink Sands Club Canouan…
Сместено помеѓу пудресто бели плажи и кристално чисто море, ова магично одморалиште е едно од оние места од соништата, каде релаксација и комоцијата добиваат сосема ново значење. Додека сте таму, најверојатно ќе заборавите на вашиот дом, работа како и бучавата на еден урбан град.
Опкружен со најголемиот корален гребен на Карибите, на живописниот остров Кануан, ова одморалиште ги користи сите придобивки од својата природна околина. Ова место дише со аура на приватен рај, далеку од сите оние популарни туристички места кои се преполни со туристи. Целта на ова одморалиште е да се постави нов стандард кога станува збор за ултра луксузни одмори. Кој на тоа би кажал не?