ЕКСКЛУЗИВНО: Кралската невеста Меган ќе носи венчаницата од 100.000 фунти, рачно шиена, дизајнира од британската модна куќа Ralph & Russo (а платена од семејството на принцот Хари).
Меган ќе го носи овој прекрасниот венчален фустан од Ralph & Russo како нејзин прв (од двата) фустан на 19 мај.
Принцот Хари (33) и Меган (36) нема да одат на меден месец веднаш, туку кон крајот на летото.
Пратеници на младите ќе бидат принцот Џорџ, принцезата Шарлот и Миа Тиндал.
Војвотката од Кембриџ ќе присуствува, но без нејзиниот новороден син Принц Луј
Родителите на Меган ќе се сретнат со кралицата, Чарлс и Камила пред свадбата.
Таа ќе го носи рачно шиенот и богато украсен фустан, кога ќе оди во капелата “St George’s Chapel пред 600 гости – и околу милијарда телевизиски гледачи низ целиот свет – како и за приемот, кој потоа ќе се одржи од страна на кралицата во St George’s Hall во Windsor Castle.