Архитектот Пиерпаоло Лазарини се обидува да го спроведе во дело проектот за самоодржливи пловечки градови / хотели во форма на модуларни пирамиди …
Waya претставува концептуален проект на компанијата Lazzarini Design и моментално се наоѓа во својата прототип фаза, нудејќи им на инвеститорите место во градот Wayaland, името што ќе го носат овие групираните платформи.
Главната пирамида ќе биде поставена на подвижна подводна единица од 3.000 квадратни метри, со специјални места за бродови, над кои ќе има десет ката, издигнати до 30 метри над површината.
Сите објекти располагаат со тобогани и водопади, кои каскадно ќе се прелеваат низ спратовите, со спални соби на горните нивоа и за гостите, кои според плановите, ќе пристигнуваат со дронкоптери или класични хеликоптери.
Креирани од фиберглас, карбон и челик, секој кат може да биде додаден посебно, тогаш кога базата на секоја пирамида ќе биде поставена на вода.
Секоја голема пирамида ќе има сопствени мотори и пропелери во својот состав, така што платформите ќе можат да се поместуваат независно од една позиција, на друга.
Инвеститорите на овој иновативен проект ќе добијат пасош за овој мал комплекс, кој ќе служи како прототип за идни проекти, а неговото отворање е планирано за 2022 година. Сите тие ќе бидат исто така замолени да гласаат за тоа каде би можела да биде поставена нивната водена цивилизација.