Зелениот зеленчук е во мода овој месец – во салати, оброци, па дури и во десерти. Денес ви нудиме рецепт за вкусен и здрав оброк – запечен спанаќ.
Состојки:
1 кг спанаќ
1 лажица маслиново масло
3 лажици стопен путер
4 лажици пармезан
2 јајца
2 чешниња лук
сол, зачини и бибер по вкус
ПОДГОТОВКА:
Исчистете и измијте го спанаќот, обарете го половина минута во солена вода, потоа оставете го да се цеди, па префрлете го во тавчето за печење.
На масло полека пржете го лукот со зачините, истурете во спанаќот и промешајте.
Загрејте го путерот и истурете го преку спанаќот.
Сега, прелијте го спанаќот со матените јајца и пармезанот, па ставете во рерна да се пече, се додека пармезанот и јајцата направат коричка.
Пријатен тек!