Овој елегантно дизајниран стан од страна на Crosby Studios, делува како розова палата со луксузни текстури, врамени во благородни метали со нагласен art deco стил.
Архитектот на овој прекрасен ентериер е Harry Nuriev, креативен професионалец кој исто така, произведува мебел по нарачка и уметнички предмети.
Еден од најочигледните аспекти на дизајнот на овој ентериер е употребата на различни текстури и бои. Мекиот плиш кој е комбиниран со сјајни метали е полн погодок.
Пастелните бои се во контраст со богатите нијанси, а плишот изгледа крајно елегантен и префинет материјал, кој го оживува овој простор.
Експертите за внатрешна декорација советуваат да го користите плишот, доколку сте ограничени со буџетот. Користејќи го плишот, му давате на вашиот дом или стан, ефект на раскош и богатство. Друг позитивен аспект на плишот е тоа што ја рефлектира светлината.
Целиот дизајн на овој ентериер создава топлина и удобност со традиционалниот плиш, кој има современ изглед со допир на минатото.