Индустрискиот дизајнер Ron Arad креираше сет на вазни кои се вклопуваат една во друга заедно, како бабушки, за брендот Nude…
Concentrics е сет од четири вазни (дизајниран од уметник кој е роден во Тел Авив, со престој во Лондон), за современ турски бренд. Тие беа претставени за време на Дизајнската недела во Милано, во луксузната барокна миланска палата, Palazzo Litta.
На овој проект, тој работел седум месеци, а вазните се изработени од чисто кристално стакло, користејќи ја техниката çeşm-i bülbül. Овој процес вклучува завиткување на стаклени прачки околу растопеното стакло, создавајќи спирален ефект на дијагонални линии.
Стаклото потоа се дува во челични калапи од страна на врвни мајстори, кои се грижат обоените делови од секоја вазна да бидат во спротивни агли. Дизајнирани да бидат убави и кога се во употреба и кога се празни, овие вазни можат да се наредат и да ротиратаат, притоа создадат различни дезени и форми.