Дизајнерот Julien Dossena, кој на познатата модна куќа Paco Rabanne и даде нов живот, сега создаде нова колекција која ќе ги натера жените не само да кажат “Ова е фантастично”, туку да посакаат истите парчиња да ги поседуваат.
Паметното и креативно комбинирање на металикот по кој оваа куќа е препознатлива, со совршените француски класици како што се мантилите, кашмирските кардигани, бретонска маица на линии или морнарското палто, креаторот вешто ги избалансирал елементите кои на прв поглед се некомпатибилни.
Кој би помислил дека металик здолниште изработено од тркалезни метални дискови, кои се заштитен знак на оваа модна куќа, толку добро се комбинира со беж кашмирски кардиган?