Создадете приватност во модерениот дом со дрвена ограда …
Дрвената ограда, некогаш била единствениот вид на ограда што се користела, но сега има толку многу опции и избор на материјали, така да дрвената ограда е само една од опциите за која можете да се одлучите.
Иако може да се смета како традиционална или рустикална, дрвената ограда може да изгледа многу модерно. Како ќе изгледа вашата дрвена ограда, во голема мера зависи од дизајнот.
За минималистичко, современо живење, едноставна и робусна дрвена ограда е одличен избор. Можете да ги поставите даските хоризонтално и да создадете модерна верзија на традиционалната ограда. Дизајните за модерните огради се многу едноставни, без оглед на употребата на материјалот.
За оградата да изгледа модерно, размислете за разни идеи. На пример, наместо да ги поставувате дрвените штици вертикално, обидете се да ги поставите хоризонтално.
Можете да креирате многу компактен дизајн на ограда или да создадете модерни обрасци од даските. Ако сакате нешто егзотично, одберете бамбусово дрво.
Одберете материјали и бои кои ќе одговараат на дизајнот на вашиот дом. Посветете внимание на различните нијанси кои совршено се надополнуваат едена со друга на дрвената ограда.