Колекцијата Vera Wang Bridal 2019 година, секако не е наменета за традиционални невести …
Со желба да создаде нешто сосема друго, Vera Wang создаде фустани за оние дами кои се подготвени да ја напуштат таканаречената “зона на комфорот”.
Оваа дизајнерка, веќе 30 години изработува интересни свадбени фустани, но таа сè уште трага по нови опци кога ја создава секоја нова колекција. Овој пат, таа беше инспирирана од сликите на легендарниот холандски сликар Johannes Vermeer, а особено од неговата слика “Девојката со бисерната обетка”.