За ова лето луксузната модна куќа Шанел дебитира со облека специјално дизајнирана за плажа.
Иако Шанел лансираше костими за капење тука и таму, сега ја претстави комплетната линија посветена за плажа.
“Посветена на живот покрај морето, колекцијата Coco Beach ќе биде достапна само во одбрани продавници на Шанел, кои се лоцирани локално, покрај крајбрежните локации како што се Сен Тропе, Монако, Кан, Ница, Барселона и Капри”, се вели во соопштението на Шанел.