Брендот Ray-Ban тргна во авантурата, со цел да ја сними својата најнова кампања …
Тие повторно соработуваат со фотографот Стивен Клајн. Прифаќајќи ја слободата на опуштено патување, Клајн ги следеше авантурите на Остин Келог и Маркел Вилијамс. “Се се сведува на слобода и релаксација. Бидејќи живееме во многу турбулентно време, една од работите која асоцира на релаксација е патувањето.
Оваа кампања ни кажува дека и покрај сите тешкотии и проблеми со кои се соочувате на својот пат, сеуште можете да бидете уникатни, да одите по сопствен пат, да уживате во забава, оптимизам, креативност, љубов … Секој од нас ја бара својата лична слобода “, вели Стивен Клајн.