JR & Prune Nourry за Bernardaud
Млади, неформални уметници, со колекцијата нa чинии „Je Te Mangerais Dans La Main“, се фокусираа на човечката најосновна “алатка”, неговите раце, кои можат да функционираат како чаша за пијалок или како помош за време на јадењето.
Како што кажал Дарвин: “Човекот не би успеал да ја достигне сегашната доминантна позиција во светот без користење на рацете”, така и овие уметници, ги фотографираат своите раце и ги пренесуваат на чиниите како аманет за потомството.