Компаниите како Zaha Hadid Architects обично добиваат нарачки да креираат згради, како деловни така и станбени, но и тие кои ја менуваат нивната креативна насока …
Zaha Hadid Design, PiM.studio, Chris Dyson Architects, SPARK Architects i FT Architects, се само некои од големите имиња кои дизајнирале куќички за кучиња, кои во моментов се изложени во BowWow Haus London на јавна изложба, каде што исто така ќе бидат продадени.
Во понудата се куќички кои се шарени и со светли бои, а има и такви кои се минималистички и модерни. Секој дизајн е оригинален, па дури и ако сметате дека е премногу софистициран за вашето домашно милениче, преставува интересна декорација за вашиот дом.