На раскрсницата помеѓу традицијата и авангардата, брендот Moissonnier го обликува својот стил, персонализиран со емоции, инспирисан од фантазијата, беспрекорен на свој начин. Оваа светски позната компанија е неприкосновен лидер во својата област.
Под будното око на уметнички директор Aни-Пјер Моазоние, брендот Moissonnier, а посебно неговиот отсек посветен на истражување и дизајн, креира беспрекорни предмети. Со естетските и технички скици, бои, стилови и консултации, тие им помагаат на своите клиенти да создадат дом од соништа, што ја одразува убавината, функционалноста и квалитетот.