Брендот Piaget претставува уште еден прекрасен моден додаток во својата листа на јувелирски креации, а ние уште еднаш сме воодушевени од тоа што го гледаме…
Колекцијата е именувана по францускиот збор за манжетни, Piaget Manchette. Таа е фасцинантна комбинација од нараквици украсени со скапоцени камења, кои ќе ја потенцираат вашата рака на најубав можен начин.
Акцентот на оваа колекција е веројатно иконската техника ” Décor Palace” или посебен процес на гравирање, кој на златото му дава изглед на ткаенината или сирова свила.