Неверојатно практичен и паметен дизајн на Норвежанецот Marcus Voraa. Флексибилната трпезариска маса е вистински сон за сите оние коишто уживаат во пријатните разговори за време на друштвените вечери. Колку би било идеално да имате маса за десет луѓе која ќе можете да ја „претворите“ за четворица за само минута и нема да го блокира целиот простор?!
Благодарение на магијата на скандинавксиот дизајн, сега и тоа е возможно!