Најмодерна боја во минатата година беше милениумска розова.
Таа исто така, владее и оваа година.
Добри вести за оние кои ги сакаат нежните пастелни нијанси – една од главните бои на оваа сезона (заедно со виолетовата, која официјално е главната боја според Институтот Пантоне) е розовата.
За пролетната сезона, набавете си модерна розева бомбер јакна, која лесно ќе ја замени кожната јакна. А за топлите денови, изберете макси фустан и здолниште од ткаенини во различни нијанси на розовата боја.