„Исцелител“ ќе се прикажува на 37-миот меѓународен филмски фестивал во Минеаполис. Филмот ќе се прикажува во програмата „светско кино“ на 20-ти и 23-ти април.
„Minneapolis Saint Paul International Film Festival“ е основан во 1981 година, а во овие 36 години прераснал во најзначаен фестивал во Амерканскиот горен среден запад. Оваа година ќе се прикажат вкупно 250 долгометражни и краткометражни филмови. Особен фокус е ставен на програмата на филмови на жени авторки. Минатата година фестивалот го следеле повеќе од 50000 посетители. Фестивалот е организиран од страна на непрофитна организација и претставува сцена за прикажување на врвни интернационални и независни филмови од нови и ветерански имиња од целиот свет.
Програмата „светско кино“ опфаќа филмови од седумдесет земји од светот и од различни стилови и жанрови. Таа претставува патување низ земјината топка преку нови играни и документарни филмови од секој континент.
Ова е трето прикажување во САД за „Исцелител“ по фестивалот во Кливленд и фестивалот во Санта Барбара, каде ја доби наградата за најдобар филм во интернационалната програма.
Повеќе детали за учеството на филмот на фестивалот во Минеаполис има на следниот линк.