Денес ви ја претставуваме третата книга од серијата на Книги кои секоја жена треба да ги прочита …
(предходно ви ги претставивме “Вториот пол” од Симон де Бувоар и “Малите жени” од Луиза Меј Алкот)
Матилда – Роал Дал
Матилда е приказна за една девојка која пораснала сосема запоставена од нејзините родители. Таа ги користи книгите, како бегство од тмурната реалност. Во нив ја наоѓа среќата која не може да ја најде во кругот на семејството. Матилда е умна и талентирана, а подоцна открива дека поседува магични моќ, охрабрена од нејзиниот учител. Таа ја презема контролата врз нејзиниот живот и одлучува за нејзината судбина.
За возрасна жена, важно е го прочита овој роман бидејќи ќе научи колку вреди, без оглед на тоа како другите ја гледаат.