Пролетта носи со себе некои нови и возбудливи почетоци и не воведува во долгото, топло лето, а модата ни открива дека во топлите денови што следат ќе го носиме безвременскиот темен тексас, сензуалните фустани на преклоп, заведувачките блузи со отворени рамена, кариран материјал, “статусни торби” и големи обетки кои го нагласуваат лицето. Додека за посилниот пол, резервирани се ленти маици на линии и впечатливи дезени.
Новата сезона е исто така идеална за вложување на некои од најмодерните комбинации, па така ќе се носат и ‘matchy-matchy’ комбинации, а за оние со посебен вкус, се резервирани панталоните на самураите во кои никој не може да остане незабележан.