“Никој не го откри Alexander McQueen, тој се откри самиот себе си”. Ова се зборовите со кои што започнува новиот документарец посветен на контроверзниот моден дизајнер. Во продукција и режија на Ian Bonhote во соработка со Peter Ettedgui. Најавен е како еден вид на живописен портрет, а инспириран од неговата кратка но плодна кариера.
Архивските снимки како и оние “behind the scene”, се дел од истоимениот докуменнтарец во кој е прикажан подемот но и трагичниот крај на младиот гениј.
Премиерата ќе биде на 22 овој месец на популарниот на “Tribeca Film Festival”, за потоа да почне да се прикажува на редовниот репертоар во светските кина. За оние кои со нетрпение чекаат да го видат, во продолжение можат да го проследат трејлерот од филмот!