Дизајнерката Дебра Фолц претстави 4 колекции на декоративни додатоци за ентериери на Architectural Digest Design Show во Њујорк.
Како и сите претходни нејзини креации, така и сега, на секој од овие предмети има паметни детали што ќе ве натераат да застанете и да ги погледнете уште еднаш, без разлика дали станува збор за маси со стаклени површини направени да изгледаат како фасетирани скапоцени камења или необични огледала.
Колекцијата Rounding Table се состои од кружни масички во облик на тимпан со 47 обработени цврсти дрвени нитни, кои се многу атрактивен детаљ.