Во урбаните апартмани, балконите и терасите се веројатно единствените отворени простори кои се приватни, каде што можете да уживате на свеж воздух …
Благодарение на нив, можете да се одморите на сонце без да го напуштите вашиот стан, да одите до блискиот парк, плажа или место за пикник. Исто така, балконите се идеално место за создавање на оаза која ќе ја донесе убавината на надворешниот свет во вашиот ентериер. Најголемиот дел од европските станови, што важи и за нашите градови, имаат многу мала квадратура, вклучувајќи ги уште помалите балкони или тераси.
Сепак, ако се инспирирате од фотографиите подоле, лесно можете да создадете оаза која нема да биде клаустрофобична, туку удобна и комфорна, ако посветите само малку внимание на тоа.