Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Мила Станоеска
(втор пат со победничка фотографија)
Мила Станоеска е фотограф аматер која преку фотографијата се релаксира од секојдневните обврски, а инспирацијата ја црпи од уличните сцени и урбаната архитектура. Зад себе има учество на неколку хуманитарни изложби, а била и член на жирото најубавата Инстаграм приказна во Македонија “#фотонанеделата“ организирана од телекомуникацискиот оператор оне.Вип.
Победничката фотографија е направена во населба Капиштец, Скопје со фотоапарат, а е едитирана со алатките на Instagram.

Ирма Башеска
Ирма е фотограф – аматер, која не се ограничува во правците на фотографијата. Портрети, пејсажи, а најмногу архитектура се главните теми во кои таа ја бара својата инспирација.
Победничката фотографија е направена во Гратскиот парк во Скопје со мобилен телефон – Huawei 10 Mate lite.
Контакт со Ирма можете да воспоставите преку нејзиниот Instagram и преку е-маил irmabaseska@yahoo.com.
Викторија Николовска
Викторија е фотограф – аматер кој се занимава со фотографија веќе неколку години. Омилена тема за документирање е природата, а најголем предизвик за фотографирање се портретите.
Победничката фотографија ја доловува празничната велигденска атмосфера, направена со Nikon D5000, леќа Nikkor 50 mm 1.8 (F 2.8; ISO 200) и обработено со Snapseed.
Со Викторија можете да стапите во контакт преку нејзиниот Instagram или е-маил. viktorijanikolovska86@gmail.com.