Новата колекција на накит со потпис на јувелирската куќа Bulgari предизвика вистинска сензација, бидејќи содржи повеќе од 100 одлични дела на накит и часовници за сечиј вкус.
Специјално е дизајнирана во слава на стариот гламур и уметност, кои не потсетуваат на некои од најголемите фестивали во Италија, на карневалот во Венеција или на историскиот Регата фестивал.
Оваа спектакуларна колекција е наречена “Festa” и има за цел да изрази единствен став и уникатниот италијански стил, кој со векови се пренесува од една генерација на друга.
Колекцијата има три различни инспирации, наречени Festa Italiana, Festa Dell’infanzia i Festa Delle Principesse, а резултатите се апсолутно воодушевивачки.