На есен, ќе ја видиме соработката помеѓу H & M и Moschino!
Кампањата MOSCHINO [tv] H&M е мошне иновативен телевизиски концепт кој ги комбинира социјалните и традиционалните медиуми, со цел да стекне присуство на што поголем број платформи – возбудливо и воодушевувачко ново искуство во дигиталниот свет.
Креативната советничка на H&M Ann-Sofie Johansson, изјави дека ова партнерство е токму тоа што сега му е потребно на модниот свет.
“Колекцијата која доаѓа е совршен микс на поп културата и културата на улицата, но и на гламурот. Jeremy Scott е одличен – тој знае какао да се забавува со модата и при тоа да се поврзе со фановите низ целиот свет” – додаде таа.