Со секоја пролет, пристигнуваат и алергиите.
Ако ги забележите најчестите симптоми на алергијата како што се замор, запушени синуси, чувствителни и насолзени очи, може да страдате од сезонски алергии. Симптомите на алергија може да варираат, но повеќето луѓе истакнуваат дека чувствуваат хроничен замор. Алергиите можат да го нарушат квалитетот на животот и да го отежнат извршувањето на секојдневните задачи. За среќа, постојат различни начини за справување со алергиите, кои се безбедни и природни.
Ние ви претставуваме еден вкусен пијалок за да ги победите симптомите на алергија.
За подготовка на пијалакот ви е потребно:
– 1 средна величина морков
– 2 големи портокали
– 1/2 краставица
– 5-10 листови нане
– 20 гр од свежиот корен од ѓумбир
Измијте ги сите состојки, исечете ги и ставете ги во блендер. Уживајте во овој вкусен пијалок пред секој оброк.