Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Михаела Јовановска
Михаела е аматер кој брзо се стреми кон професионализам.
На победничката фотографијаа е претставен врв од Шар Планина кој е сликан од Тетово, поливина час пред заоѓање на сонцето. Фотографијата е направена со апарат Canon EOS 700D, со објектив EF-S18-55mm. Должината на фокусот е наместен на 55mm, а брзината на блендата е 1/500sec со f 5.6.
Михаела можете да ја контактирате за соработка на нејзиниот e-mail: mihaela.jovanovska@outlook.com.
Наде Станчева
„Не се занимавам професионално со фотографија. Се сметам себеси како аматер во постојано истражување, желба за надоградување и спознавање на фотографијата како секојдневие каде што можеш да уловиш момент од свој агол на начин на кој ти самиот го доживуваш. Си играм на ова поле веќе четири-пет години и можам да кажам дека фотографијата ти помага да ги изостриш сетилата и да го воочиш секојдневието како што до тогаш не си го видел.“
Победничката фотографија е направена со мобилен телефон во Солун, на улица „Лададика“, а е едитирана со VSCO и Snapseed.
Наде можете да ја контактирате за соработка на нејзиниот Instagram, или e-mail: nadestanceva@hotmail.com.
Нена Петковска
(трет пат со победничка фотографија)
Нена Петковска со фотографирање се занимава аматерски. Обожава уметност, па фотографијата е одличен начин да покаже нешто што на неа и се допаѓа или да го претстави начинот на кој гледа на нештата. Моментално фотографијата и е хоби, но би сакала понатаму да се занимавам со неа професионално.
“Сакам да фотографирам се. Тоа најчесто е природа, но кога имам повеќе време и можност фотографирам луѓе. Може да се каже дека фотографирање луѓе ми е најзабавно и предизвикувачки. “
Победничката фотографија е направена со апарат Canon 1200D, а е обработена во Lightroom.
Kонтакт со Нена можете да воспоставите преку нејзниот Instagram доколку сте заинтересирани за соработка на проект или пак за фотографирање на некој настан и слично.
За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).