Аферата која ја имаат уметноста и модата се одвива долго време и добро се памети, благодарение на бројните соработки на луксузните брендови и одличните имиња од светот на уметноста …
Оваа сезона сигурно не се разликуваше од претходните, па имавме можност да сведочиме за фузија на умовите на големите брендови и уште поголемите уметници, што е овековечено со нивните заеднички дела кои се видоа на модните писти во Њујорк, Париз, Милано и Лондон.
Последен во низот на брендови кој ја поврзува својата мода со уметноста е Dior Homme, чија пролетна колекција е инспирирана од делата на францускиот уметник François Bard.