Сигурно се сеќавате дека претходно оваа година пишувавме за познатите фрижидери Dolce & Gabbana, украсени во сицилијански стил …
Тие ја пренесоа својата креативност во областа на кујнските апарати во соработка со компанијата Smeg. Пред две години, тие лансираа линија на соковници,тостери и чајници чија вредност изнесуваше околу 600 долари, а фрижидерите за кои сега пишуваме чинат 50.000 долари.
Овие фрижидери се продаваат ексклузивно во стоковните куќи Neiman Marcus и доаѓаат со дополнителни трошоци од 495 долари за испорака. Има седум достапни фрижидери кои се рачно насликани во традиционален стил од различни уметници. Силните, примарни бои и многу интригантните дизајни ги прават многу впечатливи, но во исто време е многу тешко да се комбинираат со останатиот декорација во кујните.