Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Александар Наумчески
(четврти пат со победничка фотографија)
Архитеткт кој аматерски се занимава со фотографија, зад себе со учество на неколку групни изложби и една самостојна во мај 2016 под наслов „Имагинарен Град“.
„Мотивите кои ги забележувам во просторот околу мене се тесно поврзани со мојата професија и најголемо задоволство ми претставува да ги пренесувам приказните на градските форми, детали и бои. И во двата случаи композицијата е од пресудна важност, во архитектурата тежнееме кон хармонизирање на волумените и просторот кој ги создаваме, во фотографијата тежнееме кон хармонизирање на кадарот.“

Гага Угуровска
(втор пат со победничка фотографија)
Гага е фотограф – аматер, која веќе зад себе има неколку професионални ангажмани за фотографирање на храна.
Победничката фотографија е направена во околината на Штип на поле полно со сончогледи, со Nikon D3300, 52 mm, а е едитирана во Adobe Photoshop.

Симона Галазова
Симона Галазова е аматер – фотографка, која се стреми кон професионализам, а главен извор и предизвик за фотографијата е архитектурата.
Победничката фотографија е едитирана со апликацијата VSCO.
За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).