Францускиот фотограф и новинар Оливие Зам, беше одбран да ја сними новата рекламна кампања за брендот Just Cavalli …
За својата нова кампања, брендот Just Cavalli сакаше да ги истакне двете свои основни вредности – младоста и слободата. Со самиот факт што млади луѓе беа одбрани да ја прикажат колекцијата, таа воопшто не изненадува.
Целта на кампањата беше да се истакне оптимистичкиот, слободен и гламурозен дух на италијанскиот бренд и нивната колекција пролет / лето 2018 година.
Чувството на слобода е претставено преку лесните фустани, долги и кратки, како и живите дезени инспирирани од неверојатната природна убавина на Нов Зеланд. Некои парчиња имаат повеќе рок вибрации, како што се бајкерските и бомбер јакни, како совршен контраст на свилените со тантела фустани, кои во целата приказна додаваат доза на романтика.