Од Париз во Токио, Шангај и сите помеѓу, решивме да ве запознаеме со шест екстравагантни апартмани, што секако заслужуваат да се наречат претседателски.
Денес ви го претставуваме претседтелскиот апартман во хотелот Мandarin Oriental Pudong – Шангај
Купатилото во претседателскиот апартман на хотелот Mandarin Oriental Pudong во Шангај изнесува 53 квадратни метри, што е како дел од поголемите гарсониери во нашата земја. Прекрасната мермерна просторија нуди џакузи со поглед на градот и е снабдена со свилени кимона и Фрете баде мантили.
Остатокот од апартманот кој го зазема поголемиот дел од 25-тиот кат, има две спални, винарска визба, сала за состаноци, трпезарија, кујна, две градини на кровот и простор за уживање на отворено. Батлер на услуга, пристап до клуб ложата и крстарење во утринските часови, се само некои од удобностите во можете да уживате.