Da Vetro е стаклена колекција со ограничено издание, а дизајниранa е од група на млади меѓународни дизајнери од Fabrica, истражувачки центар во Италија за PLEASE DO NOT ENTER.
Оваа колекција содржи вазни, бокали и садови, кои се инспирирани од гестови, ставови и димензии. Во оваа колекција има осум дизајни, од кои секој е рачно изработен од страна на дувачот на стакло, Масимо Лунардон. Само 30 парчиња ќе бидат произведени од секој дизајн.