Жолтото цвеќе во вашиот стан или на вашата тераса ќе им даде убав пролетен амбиент…
Нарцисот е првиот весник на пролетта. Во Шпанија, овие цвеќиња се сметаат за диви додека кај нас, ги негуваме во нашите градини и паркови. Овие растенија исто така, се чуваат во домовите како декоративни цвеќиња или едноставно како украсно цвеќе во вазни.
Цветовите цутат во рана пролет. Тие се светло жолти и многу декоративни. Овие цвеќиња често се користат како Велигденски декор и изгледаат одлично во вазни. Ова сечено цвеќе ќе трае долго време само ако не се меша со други видови на цвеќе во иста вода.
Исто така, популарно решение кога станува збор за украсување на ентериер со нарциси е да се купи во саксии.