Чевлите со отворени пети се едни од главните фаворити секоја пролет, а оваа сезона ја освоија рамните. Продавниците нудат широк избор за секој џеб и моден стил.
Што би одбрале вие, балетанки или чевли со отворени пети? Ајде да бидеме искрени дами, веројатно би избрале поудобна опција, а тоа се дефинитивно оние со отворени пети. Сите знаеме за проблемите што можат да ги предизвикаат нашите балетанки со непријатните плускавци. Тие или не стегаат или веднаш се развлекуваат и почнуваат да клапаат како што одиме. Ретко да се погодат.
За сите модерни девојки кои ги сакаат трендовските и удобните чевли, сега имаме одлични вести, оваа сезона се носат рамни чевли со отворени пети кои се вистински мега тренд оваа пролет.