Овесните снегулки се целосно потценети како супер храна. Имаме добри причини зошто ова би требало да се смени!
Овесните снегулки се навистина едни од најевтините прехранбени продукти во супермаркетот, а имаат добра причина да бидат супер храна, како и скапите гоџи или боровинки. Тие се полни со витамини и минерали како Б1, Б6, железо, магнезиум, биотин, силициум диоксид и многу растворливи и нерастворливи влакна.
Овесот го регулира нивото на шеќер во крвта
Растворливите влакна во комбинација со високата содржина на магнезиум го регулираат нивото на шеќер во крвта. Овесната каша ја има оваа комбинација. Ако страдате од честа желба за храна, треба да јадете овесни снегулки секој ден (по можност наутро). Бета-глуканот кој се наоѓа во овесот ја успорува деградацијата на јагленохидратите во тенкото црево и транспортот на гликозата во крвта и органите. Затоа, нивото на шеќерот во крвта полека се зголемува по оброците и не постои последователна потреба за дополнителна храна, односно страшна желба за ‘нешто’.
Овесната каша го детоксифицира телото
Влакната во овесот му помагаат на вашето тело да се ослободи од отровите кои постојано се акумулираат преку храната и околината. Овесната каша, исто така се наоѓа меѓу тајните детокс храни.