Ако сте вработени, а во еден ден мора да бидете вистински волшебник и да скокнете од кежуал во елегантна комбинација … имаме решение за вас: свиленa кошулиa и фармерки.
Во секој случај, ова прашање е секојдневно додека стоите пред гардероберот секое утро. Предизвикот е уште поголем ако одите во канцеларија наутро, потоа имате официјален ручек во пладневните часови, а покрај сето ова, сте поканети на вечера по повод некој роденден. Вашата комбинација мора да биде кежуал, елегантна и во исто време суптилно секси. Звучи невозможно? Воопшто не! Решението е едноставно и брилијантно: блуза од свила и фармерки.