Компанијата 6th Sense Interiors неодамна заврши неверојатен проект и конечно, со голем аудиториум ги сподели впечатоците и идеите скриени зад дизајнот …
За двата дизајнера кои го создадоа брендот 6th Sense и сите бројни уметници и експерти со кои соработуваат, секој проект претставува нов предизвик и прилика да се создаде нешто сосема уникатно и оригинално.
Последното дело на овој тим е кафуле лоцирано во Романија, во местото Клуж-Напока, во кој целата приказна започнала.
Q Caffe е голема метафора, а ништо помалку не можеме да очекуваме од овие два талентирани дизајнера.
Во првата просторија доминира фигурата на Икар, кој го покрива речиси целиот фронт на барот и го симболизира концептот на слобода и жртвување. Оваа скулптура доаѓа како метафора на сите наши аспирации кон слободно општество, сите препреки и ограничувања.
Таванот е украсен со Едисон светилки, вградени во скулпторските жици, заедно со јазиците поставени погоре, што претставува бучава од нашиот секојдневен живот.
Преминот кон втората просторија е креиран како една голема мурална скулптура. Human Chain е креиран од неколку безлични силуети создадени во еден вид на вртлогот на душите, симболизирајќи го нашето губење на индивидуалноста и човечноста.
Сите маси се рачно насликани и ги илустрираат пасусите од “Божествената комедија” на Данте или ги реконструираат скиците на Леонардо да Винчи. На ѕидовите има и многу парчиња на уметнички дела, вклучувајќи и четири ликовни скулптури – човек машина, човек во молитва, човечки хаос и човек без скрупули.