Терапевтските ефекти на звуците врз човечкото тело се базираат на различни фреквенции од вибрациите на звукот. Не е чудно што докторите и терапевтите веќе некое време користат музика како форма на третман за многумина.
Почнувајќи со срцеви заболувања, депресија, PTSP, Алцхајмерова болест, разни нарушувања на спиењето па сè до помагање на развојот на децата.
Регулирање на крвниот притисок и срцевите заболувања, стресот и депресијата, Алцхајмеровата болест, PTSPП и несоницата се само некои од состојбите за честа употреба на музиката како терпија.
Невролозите од Велика Британија ја издвоија оваа песна како песна која има особено позитивен ефект врз сите нас, а се работи за песната „Weightless“ на Macaroni Union. Беше откриено дека песната Weightless во изведбата на групата Macaroni Union, го намалува нивото на стрес и анксиозност за неверојатни 65 проценти. Истава песна довела до поголема релаксација од било која друга музика тестирана до денес.