Најпопуларните street-style девојки, ги напуштаат своите долготрајни најдраги модни сопатници и наместо црните кожни панталони, сега се потпираат на моделите со црвени, зелени и кафеви нијанси.
Покрај бојата, кожните панталони, исто така, добиваат и нова силуета. Наместо тесни панталони, во кои речиси беше невозможно комотно движење, сега се доста лабави и широки. Тие доаѓаат во права линија и во форма на sвоно крој, но сепак се уште не сме решиле кој е нашиот фаворит на сезоната.
Омилен стилски партнер на кожните панталони е џемперот, во контрастна боја или тие кои доаѓаат од истото “семејство” на бои.
Кога комбинирате кожни панталони со маици и џемпери, важно е да посветите внимание на размерот. Ако изберете кожни панталони со широки ногавици во облик на sвоно, треба да направите рамнотежа со фин и нежно плетен џемпер. Ако вашиот избор се кожни панталони со рамна линија, експериментирајте со грубо плетиво.