Според листата на бизнис-магазинот Форбс, Бијонсе е жената која најмногу заработила во светот на музиката во текот на 2017 година.
Бијонсе според Форбсовиот извештај заработила 105 милиони долари, благодарение на ‘Lemonade’ и светската турнеја ‘Formation’.
Со 105 милиони долари приходи, таа денес е најплатената музичарка!
На второ место од оваа листа се најде Адел со заработувачка од 69 милиони долари, кои ги заработи благодарејќи на својата светска турнеја во 2016 и 2017 година, по повод албумот ’25’.
Тејлор Свифт го зазеде третото место со заработка од 44 милиони долари, што е значително помалку во однос на претходната година. Се предвидува дека Тејлор ќе го заземе високото место во 2018 година, со оглед на тоа што нејзиниот шести студиски албум ‘Reputation’ излезе пред неколку дена, со кој ја чека и светска турнеја.