Информацијата дека Кензо подготвува таен проект, стана позната уште минатата година.
Дури вчера е познато кого толку долго го криеле Керол Лим и Хумерто Леон, креативните директори на Кензо. Љубителите на брендот беа шокирани дека заштитно лице на новата колекција е пеачката Бритни Спирс.
Иако изборот на иконата од деветдесетите години е логичен, новата пролетна колекција Memento N ° 2 е инспирирана од дебитантската колекција Kenzo Jeans, претставена уште во далечната 1986 година.
Денес, како и тогаш, во мода е тексас од глава до пети, а сите се сеќаваме на модните комбинации на Бритни и тогашниот нејзин дечко Џастин Тимбрлејк.