Рускиот дизајнер Дима Логинов, ги имитира прекрасните форми на ѕвоната во својата нова колекција на висечки парчиња за осветлување, создадени за чешкиот бренд на осветлување Preciosa…
Наречени Siren, овие лустери беа лансирани од брендот Preciosа на саемот Maison & Objet во Париз претходно оваа година. Колекцијата се состои од форми во облик на ѕвона, со различни големини и транспарентност, кои се создадени со додавање на слоеви.
Овие ѕвона доаѓаат во разни мешавини на нијанси, од темно-сиви до посветли тонови и розови нијанси за да го создадат тоа што дизајнерите го опишуваат како “волшебна комбинација на бои”.
“Мојата цел беше редизајнирање на традиционалното, модерното и уникатното, што секако претставува предизвик за мојата имагинација”, рече дизајнерот. “Фантазијата ме инспирира да дизајнирам допадливи висички парчиња, едноставни, стилски и минималистички”.