Miuccia Prada ја одбра младата актерка El Fening да ја отвори и затвори модната ревија на брендот Miu Miu, колекција за есен-зима 2018 година.
Miuccia Prada ни нуди ретро враќање во 80-тите и 50-тите години на минатиот век. Шминката и фризурите на моделите, јасно укажаа дека познатата италијанска дизајнерка ја најде инспирација во Rockabilly правецот, кој што потекнува од Америка од 1950-тите и беше обновен во 1980-тите.
Предимензионирани силуети на јакни и капути, се комбинирани со “испрани” фармерки, тесни панталони, па се стекнува впечатокот, дека жената што ја сака Miu Miu е таа која има став, кога станува збор за изборот на облеката за есен.
Сите модни ансамбли се споени со очила кои имаат мачкасти рамки за сонце, како и чевли со модерни kitten пети, кои ни ги нуди креаторката со силни комбинации на бои.