Crema al parmigiano
Овој едноставен рецепт за крем од пармезан, се подготвува за само 10 минути, а потекнува од Парма, Италија…
За 4 лица:
Време на подготовка: 10 минути
Време на ладење: 2 – 3 часа
5 дкг рендан пармезан
10 дкг слатка павлака
малку сол
малку бел пипер
Ставете го ренданиот пармезан и слатката павлака во сад. Додадете малку сол и бибер и на слаба топлина мешајте додека се направи крем. Кремот се лади неколку часови во фрижидер, покриен со проѕирна фолија.
Послужете со топол печен леб.
Кремот може да стои во фрижидерот не повеќе од 2-3 дена, но, не го замрзнувајте.