Откривањето на нови градови е одлично искуство – особено ако можете да си дозволите да останете во врвни хотели …
Локација, амбиент, удобност и беспрекорна услуга се наоѓаат на врвот на нашата листа кога бираме градски хотели. Ако и вас ве привлекуваат истите работи, останете со нас, затоа што денес ви откриваме еден од најдобрите хотели во Монако, што ќе биде добро за вас, кога следниот пат ќе отидете на ова џет-сет место.
Hotel de Paris
Овој хотел е веројатно најпознатиот во Монако, а на тој пиедестал се наоѓа од неговото отворање во 1863 година. Редовно го пронаоѓа своето место на “Златната страница” на бројни туристички списанија, бидејќи навистина може да ви понуди многу – поглед кон Казиното и морето, исклучително гастрономско искуство, приватен пристап до гигантскиот базен и спа, приватни тераси за гледање Формула 1 и многу повеќе .
Исто така, овој хотел има карактер од највисоко ниво – љубителите на кинематографијата ќе го препознаат по филмовите за Џејмс Бонд, додека оние кои сакаат џез, дефинитивно ќе бидат запознаени со Le Bar Americain, најпознатиот бар во Монако.
Во моментов, овој хотел е во фаза на реновирање, која ќе трае уште две години, а целта на реновирањето е додавање на кровен фитнес центар, кровни вили, продажни простори и редизајн на собите за гости.