Кањон Антилопа
Кањонот Антилопа е навистина фасцинантно место, кое се наоѓа на територијата на Навахо во северниот дел на Аризона. Извонредните портокалово-кафени ѕидови на карпите, со интересни лебдечки форми, како и величествената игра на длабоката темнина и светлина што доаѓаат од врвот, го прават овој кањон прекрасно место за истражување.
Аурора Бореалис
Иако ова всушност не е дестинација, не можеме да зборуваме за најубавите места на планетата и за чудата на природата, без да ја спомнеме аурора бореалис, односно поларната светлина. Ова фасцинантно небесно лај шоу, предизвикано од соларниот ветер што ја погодува атмосферата, најдобро се гледа од висорамнините кои се наоѓаат во северните делови на Норвешка, Шведска, Финска и Русија.
Изворот Grand Prismatic
Националниот парк Јелоустон е едно од најубавите и најмистериозни места на Земјата. Со оглед на тоа што се наоѓа над вулкан, оваа локација има голем број на геотермални карактеристики од кои едниот е изворот Grand Prismatic, најголемиот извор на топла вода во САД. Прекрасната боја која ова место ја поседува се должи на бројни микроорганизми кои живеат во богатата минерална вода.
Кањо Кристалес
Иако е релативно кратка, се протега само на 96 километри низ Колумбија, Кањо Кристалес е една од најимпресивните реки во светот со доста изненадувачка причина. Именувана како “Река од пет бои” или “Течно виножито”, оваа река го добива уникатниот шарен изглед поради различните видови на флора што растат во нејзиното корито.