Компанијата Carmenes ја лансираше новата колекција на мебел Easy Living 01 која ја покажа за време на IMM Furniture Fair во Келн.
Како дел од оваа колекција претставена е линијата Numeral , која се состои од модуларни софи и серија на маси кои ги дизајнираше Savage. Како составен дел од колекцијата Easy Living, овие парчиња мебел, како што сугерира и самото име, креирани се за едноставен и удобен начин на живот, преку квалитетен и иновативен дизајн.
Софата Numeral е инспирирана од мебелот од 50-тите години на минатиот век. Има низок профил, чисти линии, заоблена форма и метални нозе, но е создадена на современ начин.
Модуларниот дизајн вклучува систем за седење, вклучувајќи ја софата, фотељата и подлоги кои можат да бидат аранжирани во саканата конфигурација.