Креативниот директор на модната куќа “Балмен”, Оливије Рустен, уште еднаш лично е одговорен за рекламната кампања на брендот.
Новата кампања за пролет-лето 2018 ги претсавува русокосите манекени кои позираа групно на фотографиите, каде што модерниот Балмeн маж е претставен малку поинаку.
Судејќи според фотографиите, во колекцијата доминираат синџири, пуловери со графички отпечатоци, монистра и уште многу други работи…
Балмен за претстојното лето препорачува штрафти со смели кроеви и рокерски јакни од твид.